Еве што ви е потребно да направите посен бурек.
Состојки:
– 500 гр спанаќ, блитва, компир… (по желба)
– 1 главица кромид
– сол
– бибер
– 300 мл вода
– брашно по потреба
– масло
Поврзани објави
Подготовка:
Кромидот испржете го па додајте добро зготвен и исечкан спанаќ, побиберете по вкус и динстајте уште неколку минути.
Замесете тесто од 300 мл вода, сол и брашно по потреба. Тестото не треба да биде премногу тврдо. Оставете го тестото да одмара половина час.
Потоа поделете го на 4 еднакви кори, ставете масло и оставете ги да отстојат еден час.
Потоа развлечете ја првата кора што потенко, пропрскајте со масло и склопете ја од сите четири страни, така што ќе добиете коцка.
Развлечете ја втората кора, исто така да биде тенка па посипете со масло.
Потоа ставете ја првата кора која е спакувана и свиткајте другa, третата кора исто така развлечете ја пропрскајте со масло, додајте фил, потоа повторно преклопете. Истата постапка повторете ја и со четвртата кора.
Печете во рерна на 200 степени околу половина час.
Добар апетит!