Почетна ТехнологијаПоранешен репрезентативец избоден со нож! – МАКТЕЛ

Поранешен репрезентативец избоден со нож! – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за




Страшна вест пристигнува од Франција каде што поранешниот фудбалер, Даниел Конгре се бори за живот откако бил избоден со нож. Конгре во кариерата собра над 500 настапи во Лига 1, а во инцидентот кој се случил во Монпелје вчера околу 19 часот се здобил со убодна рана во срцето. Итно бил пренесен во болницата во Монпелје и според информациите во овој момент е во стабилна состојба.

Засега причините за инцидентотн е се познати. Во кариерата Конгре во Франција беше дел од Тулуз, Монпелје и Дижон. Зад себе има и четири натпревари во Лигата на шампоните со Монпелје. Исто така за репрезентацијата на Франција до 21 година има седум настапи, а денес работи како спортски кординатор во Лион.