Поранешниот амбасадор на Албанија во Соединетите Американски Држави, Фатос Тарифа, во телефонски разговор за ТВ1 изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти непотребно ги заострува односите со Американците.
„На сосема непотребен, погрешен начин премиерот Курти влезе во голем конфликт со Соединетите Американски Држави. Народот на Косово, воопшто Албанците, не заслужија вакво однесување на премиерот Курти. Косовскиот премиер е не само што се покажува како спореден политичар, туку и како мизерен дипломат“, рече тој.
Експертот за политички прашања Шкелзен Малиќи вели дека ситуацијата во односите меѓу Косово и САД е веќе многу сериозна.
Тоа укажува дека Косово е исклучено од воената вежба „Бранител 23“, но во случај да не ги прифати трите меѓународни предлози за деескалација на ситуацијата на северот, се предупредува дека може да има други последици.
