Почетна Убавина и здравјеПоради овие 7 трикови секогаш им е средено и ретко кога имаат потреба од „генералка“ – Убавина и здравје

Поради овие 7 трикови секогаш им е средено и ретко кога имаат потреба од „генералка“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Дамите од Финска имаат одлични трикови што можат да ви заштедат многу време при чистењето на домот

Во Финска среќата, изгледа, се крие и во начинот на кој се одржува домот. Чистиот и организиран простор го намалува стресот, го подобрува квалитетот на животот и дава чувство на смиреност. Дамите од земјата која важи за една од најдобрите за живеење, добро го знаат тоа и затоа имаат феноменална организација кога станува збор за чистењето на домот.

Зошто финскиот дом останува среден со денови по чистењето?
  • Рутината и континуитетот ја намалуваат потребата за исцрпувачки генерални чистења.
  • Методичниот пристап – од чисто кон нечисто, озгора надоле – го прави процесот ефикасен и долготраен.
  • Минимализам и скандинавска филозофија: помалку хемија, повеќе ред и помалку стрес – тоа придонесува за чувството на хармонија во просторот.

Испробајте го нивниот метод на чистење преку следниве чекори:

1. Редовно одржување на редот

Финските домаќинства практикуваат одржување хигиена по јасно утврдена рутина, обично еднаш неделно, а некогаш и секоја втора или трета недела. Така домот им останува среден без претеран напор.

2. Од чисто кон нечисто, озгора надолу

Финските експерти препорачуваат редослед на чистење по следниов принцип: прво се чистат најчистите површини, а потоа највалканите. Истото важи и по висина – најпрво се брише прашина од горните делови на мебелот и полиците, па на крајот подовите и санитаријата.

Исто така, се трудат секој ден во текот на работната недела да средат или избришат барем нешто во домот, тоа не трае подолго од 20 минути, за да можат повеќе да се опуштат за време на викендот.


Поврзани објави

3. Паметна употреба на средствата за чистење

Финците користат само онолку детергент колку што е потребно, бидејќи премногу средство создава наслаги и привлекува нечистотии. Најчесто користат крпи со микровлакна – малку навлажнети за прашина, а со малку детергент само за тврдокорните дамки. Популарни се и еколошки прифатливите производи.

4. Посебен метод за дрвените подови и ламинати

Бидејќи паркетот и ламинатот се многу чести во финските домови, никогаш не ги бришат со влажна крпа, туку само со малку навлажнета. Премногу вода може да ја оштети површината, па се препорачува да се користи минимална количина со малку детергент.

5. Организација пред чистењето со правосмукалка

Чистењето обично започнува со тргањето работи од подот – облека, играчки или ситници – кои обично се враќаат на своето место или привремено се ставаат во кутии. Дури потоа следи чистењето со правосмукалка, што го забрзува и олеснува целиот процес.

6. Сушење садови над мијалникот

Еден од триковите што заштедува простор е сушарата за садови вградена над мијалникот. Водата капе во него, работната површина останува слободна, а садовите се сушат уредно и брзо.

7. Минимализам

Сѐ што не го искористиле подолго од 6 месеци – го фрлаат или подаруваат, ако предметот и понатаму е во функција. Не дозволуваат да им се трупа хаос во домот или по шпајзовите, па ретко имаат потреба за генерално чистење.