Популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ најавува промени…
Музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, едно од најпопуларните во регионот, разгледува можност за префрлување на РТС. Продукцијата води преговори со јавниот сервис за емитување на следната сезона. Тековната сезона ќе заврши на 28 јуни со финалето на телевизија Пинк.
Нова сезона носи бројни новини, вклучувајќи освежена сцена и нови улоги во жирито. Креативниот директор, Саша Поповиќ, пред смртта најави значајни промени во форматот, вклучувајќи и нови предизвици за натпреварувачите и жирито.
Поврзани објави
Жирито ќе биде составено од познати музички имиња, но овојпат ќе се соочат со нов предизвик – во првиот круг нема да ги гледаат кандидатите на сцена. Пред нив ќе се најде ѕид кој ќе се спушта доколку гласаат за одреден кандидат.
Ова следи по најавите за враќање на „Пинковите ѕвезди“, што создаде прашања за иднината на „Ѕвездите на Гранд“. Преговорите со РТС се во тек, но не е исклучено натпреварувањето да продолжи и на Пинк во Србија, а во Македонија на ТВ Сител.
Фото: printskrin Youtube