Годината што изминува ќе остане запаметена по болните загуби кои длабоко ја потресоа регионалната сцена
2025 година ќе остане врежана како една од најтешките за естрадната сцена на Балканот. Публиката и колегите се простија од големи имиња кои со децении ја градеа музиката и оставија неизбришлив траг. Нивното заминување предизвика тага, но и потсетување на богатото наследство што го оставија зад себе.
Меѓу најголемите загуби е Саша Поповиќ, музичар, продуцент и еден од клучните луѓе на „Гранд“, кој почина на 1 март 2025 година по долга борба со тешка болест. Светот на народната музика го загуби и Халид Бешлиќ, легенда со повеќе од четири децении кариера, кој почина на 7 октомври во Сараево, оставајќи зад себе безвременски песни и огромна почит.
Поврзани објави
Тажни вести стигнаа и од Хрватска – почина Габи Новак, една од најзначајните пејачки на поранешна Југославија. Само неколку месеци по смртта на нејзиниот син Матија, таа ја загуби битката со животот, скршена од болка. Музичката сцена се прости и од Љиљана Јорговановиќ, ценета текстописка и композиторка, чии песни станаа хитови на бројни регионални ѕвезди.
Годината беше обележана и со трагедии – во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија членовите на групата ДНК, како и уште десетици лица. Почина и пејачката Тања Недовиќ, позната по настапи на приватни настани. Иако заминаа, нивната музика и делата ќе продолжат да живеат, потсетувајќи дека вистинските уметници никогаш не заминуваат целосно.
printskrin Youtube Zvezde Granda