Илјадници Полјаци денеска учествуваа на Парадата на гордоста во Гдањск, каде ја изразија својата поддршка за ЛГБТ+ заедницата додека постои загриженост за безбедноста на нејзините членови по победата на конзервативниот националистички кандидат Карол Навроцки на претседателските избори. Учесниците вееја знамиња со виножито и сино-розово-бели транспаренти кои ја претставуваат трансродовата заедница, како и транспаренти со пораки како „Љубовта е љубов“ и „12 години заедно – кога ќе дојде граѓанското партнерство?“. Во исто време, посебна парада на гордоста се одржа во градот Вроцлав, во западна Полска, пренесува Ројтерс.