Почетна МакедонијаПолицијата приведе едно лице од струмичко за доиздржување на казна затвор поради извршено кривично дело „тешка кражба”

Полицијата приведе едно лице од струмичко за доиздржување на казна затвор поради извршено кривично дело „тешка кражба”

од nenad
1 минути читај за




Полицијата во текот на вчерашниот ден го привела дваесет и двегодишниот Д.П., осуден на три години и шест месеци казна затвор, информираат од МВР. Д.П. од селото Ангелци бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.