Општината Охрид ја објави јавната покана за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за тековната 2023 година. Целта на повикот е да се засилува и подржува локалниот економски развој и туризмот и да се обезбеди целосно застапување на конкретни локални и регионални интереси преку засилување на локални иницијативи и поврзување на засегнатите страни на локално и регионално ниво. Намерата на поддржаните проекти е да се создадат конкурентни туристички производи, да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во заедницата и да се развие свеста за економската важност, социјалните и другите ефекти од туризмот, како и од зачувувањето и подобрувањето на сите елементи на туристичката ресурсна база на Охридската туристичка дестинација, со особен фокус на заштитата на животната средина и на природното и културното наследство согласно на принципите на одржлив развој и препораките на УНЕСКО. Вкупниот износ за повикот изнесува 950 илјади денари, каде 450 илајди се за финансирање на проекти од програмата за поддршка на локалниот економски развој, а 500 илајди за проекти од програмата за поддршка на туризмот. Максималниот износ за поддршка на секој избран проект изнесува 150 илјади денари, а затоа за сите проекти е задолжително кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупната вредност на проектот. Кандидатите кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани и месни и урбани заедници со седиште во општина Охрид, како и да бидат регистрирани најмалку две години пред објавувањето на повикот. Крајниот рок за прием на пријавите е 31 март.
Покана за финансирање проекти во Охрид од областа на туризмот и поттикнувањето на локалната економија.
82