Почетна ЕкономијаСирените повторно се огласија во Косовска Митровица, Србите се собираат во Звечан

Сирените повторно се огласија во Косовска Митровица, Србите се собираат во Звечан

од nenad
0 минути читај за


Во северниот дел на Косовска Митровица повторно се огласиле сирените, а како што јавуваат локалните медиуми причина за новата тревога е апсењето на Србин, поранешен припадник на косовската полиција.Како што јави агенцијата Бета, во тек е собир на вработени во институциите во Звечан.Телевизијата Н1 јави дека неколку патни правци се блокирани на подрачјето на општините Звечан и Лепосавиќ.Претходно беше најавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва во 19 часот ќе им се обрати на граѓаните во врска со последните инциденти на северот на Косово.