Почетна ПопуларноПознат идентитетот на лицето во кое е пукано во Ист Гејт!

Познат идентитетот на лицето во кое е пукано во Ист Гејт!

од nenad
0 минути читај за
t

Обид за убиство на Раде Трајковски Штекли?

Попладнево во гаражата на трговскиот центар “Ист Гејт “ е пукано во Раде Трајковски Штекли . Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а според првичните информации Трајковски Штекли не е повреден.

Тој според информациите на Телма бил во блиндирано возило.

Во мометот во Ист гејт мол полицијата врши увид.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Од МВР потврдија дека вооружен инцидент се случил во трговскиот центар и се истражува без да посочи други детали.

Раде Трајковски-Штекли,  неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше  екстрадиран по апсење во Србија.

.