Божо Добриша тврди дека Манe Ќурувија Каспер сакал медиумско внимание и дека не ѝ пишувал само на пејачката
Црногорскиот водител Божо Добриша откри дека вереникот на Мина Костиќ, Манe Ќурувија Каспер, му испраќал пораки и нему, што дополнително ги подгреа шпекулациите околу нивната врска. Иако Каспер пред неколку дена се вратил во Америка, интересот на јавноста за неговиот однос со пејачката не стивнува.
Добриша смета дека Каспер не е измамник и дека искрено се заљубил во Мина, но истовремено нагласува дека преку неа сакал да дојде и до медиумска популарност. Како доказ за тоа, водителот посочува дека пејачката не е единствената јавна личност со која Каспер воспоставил контакт.
Поврзани објави
Каспер не е преварант, тој се заљуби во Мина. Преку неа сакаше љубов и популарност. Популарност доби веднаш, а љубовта ја доби подоцна“ – изјави Добриша, додавајќи дека има еден детаљ кој досега не бил познат за јавноста.
Тој откри дека Каспер му пишувал и нему, но не во љубовен контекст, туку со пофалби за неговата работа. Според водителот, тоа јасно покажува дека Каспер барал начин да се доближи до медиумите и да стане дел од јавниот свет, користејќи контакти со познати личности.
Screenshot 2026-02-01 223114