Артуро Урсо изјави дека неговиот осум сопруги од него бараат постојано да биде во топ-форма и да има стомачни мускули.
Бразилскиот модел Артуро Урсо неодамна отворено зборувал дека се идентификува како спорносексуалец, што значи дека е многу фокусиран на својот изглед. Како би останал во форма, посетувал теретана и правел исцрпувачки вежби.
Манекенот и инфлуенсер најпознат е по тоа што е во брак со осум жени. За лицата што се сметаат за спорносексуалци е познато дека му се многу посветени на својот изглед, практикуваат интензивна нега на телото, а во некои околности се дури без ниту едно влакно на телото, освен на главата.
Сопругите ми ја проверуваат долната облека секоја недела, изјавил Артуро за неговите жени.
Тој толку многу му се посветува на своето тело, иако знаел дека кај одредени жени предизвикува непријатност.
Некои девојки не сакаат да гледаат маж кој толку многу се грижи за себеси, додека дел се само љубоморни, раскажал Урсо.
Инфлуенсерот следи специјална рутина на нега за да ги задоволи своите потреби, а се чини дека тоа ги радува и неговите сопруги. Артуро, исто така, бил на екстремни диети како би го задоволил нивниот вкус.
Не консумирав глутен, лактоза, па дури ни леб и тестенини, додал тој.
Има режим на вежбање, креиран за олимписките спортисти. Практикува и строга рутина за нега на телото, која се состои од разни хидратни кремови за тело и коса.
Моите сопруги бараат да бидам секогаш во форма, во спротивно ми „одржуваат лекции“, заклучува тој за „Мирор“.
Фото: Инстаграм