Пред неколку години беше во центарот на вниманието, главна тема кога е светскиот шоубизнис во прашање, а потоа се повлече од јавноста. Како изгледа Кејт Аптон денес?Во 2011 година видеото на Кејт Аптон од НБА-натпревар донесе голема популарност. Публиката ја виде како танцува на трибините. Таа тогаш имаше 18 години.Со молскавична брзина, од модел на костими за капење непознат за пошироката јавност стана водечка ѕвезда во светското манекенство.Кејт направи пауза во 2019 година кога ја доби ќерката Женевиев со својот сопруг, бејзбол-играчот Џастин Верландер.Во меѓувреме, нејзината тежина (толку контроверзна, а не би требало да биде) постојано варираше.Едно време најмногу се зборуваше дека драстично ослабела. Но, она што е многу, многу поважно е дека Кејт Аптон е среќна жена со своето семејство. Поврзани објавиТаа деновиве ужива со своите најблиски во Сент Бартс и воопшто не се грижи за зборовите на извршниот директор на модната ревија на Викторија Сикрет во 2012 година, кој одби да работи со неа, наведувајќи дека „е крупна девојка чиј изглед е премногу клише, со многу руса коса и лице кое секој со доволно пари може да го купи“.Тоа беа празни зборови кои Кејт ги игнорираше и секоја чест за тоа!Фото: Инстаграм
Познатата убавица долго време ја немаше во јавноста и денес изгледа ВАКА (фото) – Убавина и здравје
97
претходен текст