Локализирани се двата пожари што избувнаа во Скопје, едниот кај депонијата кај Аква паркот, близу салата „Борис Трајковски“, другиот во Парк-шумата Гази Баба, известува Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според нив, повеќе нема опасност од проширување и во моментот се догасува внатрешно, поради големата количина на ѓубре на дадената површина.
Во гаснењето на пожарот кај Аква паркот од изутрината биле вклучени 14 пожарникари со седум противпожарни возила, а во парк шумата каде гори сува трева и грмушки биле вклучени само две возила и петмина пожарникари.Ситуацијата е под контрола, иако се уште се работи на лице место за целосно да се расчисти теренот.
Утрово во 10.36 часот пожарот бил пријавен на кејот на реката Вардар зад хотелот Александар Палас и станува збор за запалена дива депонија на површина од околу 5.000 квадратни метри.