Властите и верските претставници повикаа на мир и почит за жртвите
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција соопшти дека погребот на 59-те загинати во трагичниот пожар во Кочани ќе се одржи в четврток, 20 март. Точното време на церемонијата ќе биде дополнително објавено.
На погребот ќе присуствува и поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, заедно со неколку владици од Синодот.
Поврзани објави
Црквата прави сè за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави Ангелов.
Властите и верските претставници повикаа на мир и почит за жртвите, додека семејствата и граѓаните продолжуваат да тагуваат по оваа невидена трагедија.
Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб