Почетна ЕкономијаПоглаварот на МПЦ-ОА, Стефан, до новоизбраниот Папа Лав XIV: Ви го честитаме изборот за 267-ми папа на римската столица

Поглаварот на МПЦ-ОА, Стефан, до новоизбраниот Папа Лав XIV: Ви го честитаме изборот за 267-ми папа на римската столица

од nenad
1 минути читај за

Главатарот на МПЦ-ОА, aрхиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, испрати поздравен допис по повод назначувањето на новиот Папа Лав Четиринаесетти.

“Ни претставува чест да Ви се обратиме по повод Вашиот избор за Поглавар на Католичката Црква,” се вели во писмото.

“Дозволете Ни во овој историски момент за Вас, од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ви го честитаме изборот за 267-ми папа на римската столица,” се додава во честитката.

Со Вашето назначување, истакнува г.г. Стефан, Католичката Црква добива вреден наследник на починатиот Папа Франциск, кој, убедени сме, ќе ги продолжи и унапреди неговите дела и неговата мисија.

“Триединиот Бог нека Ве дарува со боговдахновена, смирена, плодородна и долговечна служба, пројавена преку Вашата молитвена грижа и ревност за Неговиот народ и Неговиот Дом,” стои во пораката на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, до папата Лав Четиринаесетти.