Вкусна салата по рецепт на Ана Крстаноска
Доколку сакате да експериментирате со вкусовите, мора да го пробате овој рецепт! Станува збор за свежа, здрава и вкусна колоритна салата, која изобилува со интензивен слатко-кисел вкус и е одличен избор за вечера во овој период од годината. „Посебен шмек дава калинката со својата крцкавост, која совршено се вклопува со преостанатите состојки и гарантира вистинско гастрономско уживање“, вели Ана Крстаноска, авторката на овој рецепт, која на Инстаграм можете да ја најдете како @ana_kitchen_corner.
Состојки:
За салатата:
- рукола
- сино сирење
- ореви
- калинка
- парчиња мандарина (или портокал)
- калинка
- тенки ленти виолетов кромид
За преливот:
Поврзани објави
- 50 мл сок од калинка
- 1 лажица сок од портокал
- 1 лажица вински оцет
- 2 лажици сенф
- 6 лажици маслиново масло
- сол и бибер по вкус
Приготвување:
1. Во поголем сад измешајте ги сите состојки за салатата.
2. Во друг помал сад ставете ги состојките за преливот и добро промешајте.
3. Сипете го преливот врз салатата и промешајте. Уживајте во богатите вкусови!
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА