Почетна МакедонијаСДСМ: Додека Тараври се шета се случува хаос во здравството – нема биолошка терапија

СДСМ: Додека Тараври се шета се случува хаос во здравството – нема биолошка терапија

од nenad
1 минути читај за

Додека министерот за здравство се шета по САД и објавува слики од рекламни паноа пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија се оставени без биолошка терапија. Ова е недозволиво и е уште еден доказ за неспособноста на владата на Мицкоски и министерот Таравари да се справи со елементарните потреби на граѓаните и здравствениот систем. Недостигот од лекови како „atezolizumab“, „bevacizumab“, „palbociclib“, „ribociclib“ и други, претставува алармантен проблем. Станува збор за лекови кои буквално значат живот за пациентите со метастатски канцери.

 

Наместо одговорност и навремено снабдување, гледаме само изговори и административни препреки кои ја продлабочуваат кризата. Дали оваа влада, која ги троши народните пари на мебел, коли и луксуз, има барем малку одговорност кон граѓаните чие здравје и живот се загрозени? Наместо да обезбеди навремено финансирање и планирање на набавките, владата дозволува недостаток на есенцијални лекови и оставени пациенти на милост и немилост. СДСМ бара итно преземање мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти. Владата нема право да ризикува со здравјето на граѓаните. Оваа ситуација е последица на системски хаос и лошо менаџирање со здравството.  Граѓаните заслужуваат здравствен систем што ќе ги штити, а не ќе ги загрозува!