Почетна Убавина и здравјеПобедникот на „Никогаш не е доцна“ го прослави роденденот на синот и тоа токму вака (ФОТО) – Убавина и здравје

Победникот на „Никогаш не е доцна“ го прослави роденденот на синот и тоа токму вака (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



По големиот успех во регионалното музичко шоу, Кире ужива во најубавите моменти со семејството, а овојпат имаше посебна причина за славење.

Во домот на Кире Науновски било особено весело. Пејачот, кој ја освои публиката во „Никогаш не е доцна“, сподели убав семеен момент – роденденот на неговиот син Милан. По тој повод, Кире објави заедничка фотографија со својот наследник и со емотивна честитка му го разубави посебниот ден:

Среќен роденден Мико мој Milan Kirev“.

Под објавата веднаш пристигнаа бројни честитки од неговите следбеници.

Кире во шоуто на „Гранд“ влезе веднаш штом ги исполни условите за настап, а одлуката се покажа како полн погодок. Со своите изведби и препознатливиот вокал успеа да ја освои публиката, а на крајот беше прогласен за еден од победниците. Значаен дел од патот до успехот беа и гласовите на публиката преку Фејсбук, со кои гледачите му дадоа силна поддршка.


Поврзани објави

И самиот Кире во текот на натпреварувањето отворено зборуваше дека зад неговиот успех стои семејството. Сопругата редовно била негова поддршка за време на настапите во студиото на „Гранд“, а тој знаеше да ѝ возврати со романтични изненадувања и песни посветени токму на неа. Кире и сопругата го градат семејниот живот со синовите Нино и Милан, кои за него очигледно се најголемата радост.

Неодамна пејачот покажа и друга, понежна страна од својот живот. Во неговиот нов музички спот се појавува и неговата сопруга, а песната е особено лична бидејќи Кире ги потпишува и текстот и музиката. Таа е посветена на жената која ја нарекува своја најголема љубов. По големиот успех на сцената, ваквите семејни моменти покажуваат дека за Кире најубавите победи сепак се оние што се слават дома, со најблиските.

Screenshot youtube