Почетна Убавина и здравјеПловиме, пловиме! Тони Зен и Слаткар најавија нова песна пловејќи по Охридското Езеро! (ВИДЕО)

Пловиме, пловиме! Тони Зен и Слаткар најавија нова песна пловејќи по Охридското Езеро! (ВИДЕО)

од nenad
0 минути читај за

Познатите македонски рапери Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен и Марко Маринковиќ-Слаткар ги изненадија своите следбеници со видео од Охрид во кое најавија нешто ново.

Додека пловат по Охридското езеро, Тони и Слаткар на Инстаграм објавија видео во кое најавуваат нов дует кој веруваме дека ќе биде хит ова лето.

„Бидете спремни за нешто убаво“– истакна Тони во видеото.

Поврзани објави

Во видеото може да се слушне Слаткар како повеќе пати ја повторува фразата „Милион лета“, па дали можеби тоа ќе биде насловот на новиот хит? Останува да дознаеме наскоро…

Видео: Инстаграм