Почетна Убавина и здравјеАлександра Накова по вторпат стана мајка – бременоста ја криеше од јавноста, а синот доби неочекувано име (ФОТО)

Александра Накова по вторпат стана мајка – бременоста ја криеше од јавноста, а синот доби неочекувано име (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Поранешната манекенка од Гевгелија дури по породувањето ја сподели среќната вест, откривајќи дека на свет пристигна нејзиниот син Александар.

Александра Накова има голема причина за славење – по вторпат се оствари во улогата на мајка. Поранешната манекенка од Гевгелија на социјалните мрежи ја објави убавата вест, а воедно го откри и датумот на раѓањето на бебето – 30 август 2026 година.

Накова во периодот на бременоста речиси воопшто не споделуваше детали со јавноста. Наместо големи најави, таа само дискретно откри дека го очекува своето второ дете, со фотографија на која посочила дека се наоѓа во 29. недела.

printskrin Instagram

По раѓањето, новопечената мајка сподели нежна фотографија од малото раче на новороденчето и го претстави својот син. Бебето го доби името Александар, име кое очигледно има посебно значење за семејството.


Поврзани објави

Среќниот момент го одбележала и со црно-бела фотографија од трудничка фотосесија. На фотографијата во фокусот е нејзиниот труднички стомак, со што Накова дополнително покажа колку емотивен бил периодот што сега заврши со најубавиот момент.

Нејзината приватност во текот на бременоста дополнително ја зголеми љубопитноста кај следбениците, особено откако преку Instagram Story сподели дека е во врска со бугарскиот фудбалер Ѓорѓи Јомов. Сега, наместо љубовни детали, вниманието е насочено кон најубавата новост – доаѓањето на новиот член во семејството.

printskrin Instagram