Првпат јавно откри како се скараа, а потоа ги „закопаа секирите“ со Јелена Карлеуша.
Андреана Чекиќ раскажа дека пред неколку години се скарале со Јелена Карлеуша поради една шега што ја напишала на Твитер. Сакала да биде духовита и да ја поддржи Александра Пријовиќ, но Карлеуша тоа го сфатила погрешно и ја блокирала.
Сепак, животот си игра – неодамна двете случајно се сретнале на аеродром. Без многу зборови, Јелена ѝ рекла „Поздрав“ и ја прегрнала. Како ништо да не се случило. По тоа, дури и го споделиле истиот менаџер и поминале цел ден заедно.
Поврзани објави
Андреана вели дека Јелена ја изненадила – ја пофалила дека е добар човек, а таа за Карлеуша кажа дека е силна, но емотивна жена што знае да се избори со сѐ.
Сега размислуваат и за можен дует. Андреана вели – ќе биде нешто лудо, сосема неочекувано, ама баш тоа ќе го сака публиката.
printskrin Youtube-hype tv