Постојаното фотографирање и приоѓањето додека пее ја извадија од такт фолк-ѕвездата, која јавно постави правило
Пејачката на народна музика Лепа Лукиќ го прекина својот новогодишен настап поради, како што оцени, некоректното однесување на публиката. За време на приватна прослава, таа се изнервирала поради постојаното снимање и фотографирање, што ѝ ја нарушило концентрацијата, па решила јавно да им се обрати на присутните.
Лепа, која неодамна имаше јавна расправија со колешката Нада Топчегиќ, пеела на дочек на Нова година кога гостите непрекинато ја снимале со мобилни телефони. Во еден момент, тоа толку ѝ пречело што го запрела настапот за да соопшти важно предупредување.
Капката што ја прелеала чашата била кога една жена од публиката се обидела да ѝ пријде додека таа пеела. Претпоставувајќи дека сака фотографија среде изведбата, пејачката веднаш реагирала преку микрофонот и се обратила и до неа и до останатите гости.
Поврзани објави
Ајде, немојте сега, да завршам. Не можам постојано да престанувам да пеам“, порачала таа, додавајќи дека не може да го прекинува настапот поради фотографирање.
И покрај јасната молба, една госпоѓа сепак ѝ пријде на пејачката и ја бакна, што дополнително ја изненади Лепа. Настанот предизвика поделени реакции кај присутните, но и коментари дека и публиката треба да ги почитува границите за време на жив настап.
printskrin youtube – hype tv – lepa lukic