На Кристијано Роналдо му требало едно нешто за да се сврши со Георгина Родригез
Кристијано Роналдо (40) го имал конечниот збор во врска со свршувачката, а Георгина Родригез (31) го открила тоа на црвениот килим на промоцијата на нејзиното реално шоу „Јас сум Георгина“. А потоа раскажала дека пријателите постојано ја прашуваат за венчавката:
„Секогаш се шегуваат на сметка на венчавката: ‘Кога ќе се венчате?’ Откако излезе песната на Џенифер Лопез The Ring Or When, почнаа да ми ја пеат. И добро, тоа не е до мене.“
Објаснувањето на Роналдо
Роналдо дал свое објаснување:
„Секогаш ѝ велам: ‘Кога ќе го добиеме тој клик.’ Како и за сè во нашиот живот, и таа знае за што зборувам. Можеби ќе биде тоа за една година или за шест месеца или за еден месец, но 1000 отсто сум сигурен дека ќе се случи тоа.“
Потоа, многумина го критикувале Кристијано Роналдо, бидејќи се чуделе како сè уште не го доживеал тој клик, по долги години врска и две деца.
Сега го доживеал тој клик и конечно ја запросил Георгина.
Поврзани објави
Не го открива името на сурогат-мајката
Во 2010 година, фудбалерот го добил синот Кристијано Роналдо Јуниор со помош на сурогат-мајка, а во 2017 година на истиот начин ги дочекал близнаците Ева и Матео. Со Георгина добил ќерка Алана Мартина во 2017 година, а во 2021 добиле близнаци, син и ќерка, но за жал, момчето починало кратко по раѓањето.
Најстариот син на Роналдо се родил кога фудбалерот започнал врска со Ирина Шајк. Се зборувало дека мајката на момчето е Американка со која Кристијано имал кратка врска.
Португалските медиуми тврделе дека момчето било зачнато кон крајот на летото 2009 година во Сан Диего, каде што Роналдо бил со сурогат-мајка, на која ѝ дал многу пари. Во сличниот период, поранешната мис на Шпанија, Марија Хосе Суарез, со која спортистот наводно бил во врска, останала бремена. Се сомневале дека тој бил таткото, но мисицата го негирала тоа. За жал, го изгубила бебето.
Постои приказна дека мајката на Роналдо Јуниор е сиромашна американска келнерка која имала секс за една ноќ со фудбалерот летото 2009. Тој ѝ пристапил во ресторан и на лош англиски јазик едвај ѝ објаснил што сака. А намерите му биле директни. Таа забременила и подоцна со ДНК анализа било утврдено дека Роналдо е таткото.
Според друга верзија на приказната, сурогат-мајка била британска студентка која се согласила да не ја открива вистината за голема сума на пари.
Роналдо е одлучен дека никогаш нема да го открие идентитетот на мајката на неговите три деца. Сестра му кренала голема прашина кога изјавила дека мајката на Кристијано Јуниор е мртва и дека тој е само нивен, поради што се претпоставило дека жената која го родила момчето, посакала да го запознае.
Кристијано Роналдо единствено изјавил дека близнаците Матео и Ева Марија ги родила сурогат-мајка во близина на Сан Диего.
ФОТО: Инстаграм