Почетна Убавина и здравјеПејачката не штедела пари за велигденското украсување – Убавина и здравје

Пејачката не штедела пари за велигденското украсување – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Драгана Мирковиќ сподели моменти од својот дом и покажа како го украсила замокот во Виена за најрадосниот христијански празник.

Во видеото можеме да видиме луксузна сала во класичен барокен стил: високи тавани со златни орнаменти, импозантни лустери и огледала со богато украсени рамки. Сè зрачи со елеганција и антички луксуз.

Сепак, она што веднаш паѓа во очи е колку внимание таа посветила на велигденското украсување. Централниот дел на една просторија е украсен со златни гранки во вазна, покриени со разнобојни јајца и фигури на зајаци. Масите се поставени со вкус, но веселите тонови на украсите му даваат на целиот простор разиграна нота.


Поврзани објави

Посебно е интересен детаљот во форма на зајаче облечено во шарена облека, со шолји за чај кои се балансираат на шепите и главата. Има и украсни свеќи, јајца со цветни мотиви и мали фигурини кои потсетуваат на традиционалните европски велигденски саеми.

Драгана дефинивитно не се штедела пари – декорацијата е и луксузна и спој на традиција и бајковита естетика.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/dragana_mirkovic/