Од продукцијата ги демантираат тврдењата дека таа одбила учество во документарецот за Саша Поповиќ
Гранд продукција се огласи со официјално соопштение откако во јавноста се појавија тврдења дека Лепа Брена одбила да учествува во документарниот филм посветен на животот и делото на Саша Поповиќ. Од продукцијата нагласуваат дека станува збор за неточни информации кои предизвикале непотребни шпекулации.
Како што се наведува во соопштението, документарниот проект е во подготовка подолг временски период и е исклучително комплексен, со голем број соговорници од јавниот и музичкиот живот. И покрај различните гласини, од Гранд потврдуваат дека Лепа Брена е дел од проектот и активно учествувала во снимањето.
Поврзани објави
Претходно, за медиумите се огласи и Сузана Јовановиќ, вдовицата на Саша Поповиќ, која исто така ги демантираше тврдењата за наводно одбивање од страна на пејачката. Таа истакна дека проектот се реализира со големо внимание и почит кон ликот и делото на Поповиќ.
Од Гранд продукција најавија дека јавноста ќе има можност да види и слушне сè што Лепа Брена и останатите учесници зборувале во документарецот на годишнината од смртта на Саша Поповиќ, кога е планирана и премиерата. Филмот, како што велат, се подготвува со многу љубов и почит кон поранешниот сопственик и директор на продукцијата.
printskrin Youtube Zvezde Granda