Почетна ЕкономијаПентагон спроведува истрага за протекување доверливи информации

Пентагон спроведува истрага за протекување доверливи информации

од nenad
1 минути читај за

Пентагон спроведува интерна ревизија во врска со “протекување на информации за националната безбедност”, но не прецизираше за какви информации станува збор.

Во писмото на шефот на Здружениот Генералштаб до министерот за одбрана, Пит Хегсет, испратено минатата ноќ, се споменува “скорешно неовластено обелоденување” на тие информации.

Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на вчерашниот ден ги негираше наводите дека неговиот советник, Илон Маск, ќе биде запознаен со тоа како САД теоретски би војувале со Кина.

“Доколку истрагата утврди кој е одговорен за неовластено објавување информации, ќе следи кривично гонење”, се наведува во службената белешка.

Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, овој месец вети дека ќе го интензивира тестирањето на персоналот со полиграф со цел да се открие кој би можел да објавува тајни податоци во медиумите.

Министерството за правда вчера исто така објави истрага за “селективно протекување на неточни, но сепак класифицирани, разузнавачки информации” за венецуелската банда “Трен де Арагуа”, чии членови во САД се мета на администрацијата на Трамп.

мс/фото: МИА архива

Извор: МИА