Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски објави остра реакција по одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина” и да го врати случајот на повторно судење.„Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“. Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата“ , напиша Пендаровски на Фејсбук.Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков за овој предмет кој се однесува на нелегалното прислушување,беше осуден на 12 години затвор. Судот вчера одлуки и го врати случајот на повторно судење.