Кали Роџерс е најмладата добитничка на лото – денес има пет деца за кои се грижи како самохрана мајка без скршен денар
Кали Роџерс имала само 16 години кога освоила 1,8 милиони фунти и станала најмладата добитничка на лото во Британија. Тоа се случило во 2003 година и Кали сè уште живеела со старателско семејство. Дотогаш имала тежок живот, но оттогаш ѝ започнал најлудиот период.
Во наредните десет години, Кали сите пари ги потрошила на операција на гради, нова облека, подароци за пријателите и семејството. Велела дека им позајмувала пари на пријателите, па сфатила дека многумина ја искористувале.
Во 2021 година добила забрана за возење откако се удрила во скап автомобил додека возела под дејство на дрога. Тогаш, на суд дознале дека подигнала и кредит, иако пред тоа добила неверојатна сума на пари.
„Нејзиниот живот е ролеркостер. Има прекрасен партнер и семејство, изгледа среќно, тоа е нејзината добивка на лотарија“, раскажала тогаш една нејзина пријателка.
Поврзани објави
Кали и подоцна зборувала дека дефинитивно не била подготвена да добие толку многу пари. Неколку години подоцна паднала во сериозна депресија и пробала да си го одземе животот.
„Имате само 16 години и одеднаш добивате толку многу пари и одговорност. На тие години може да го добиете и најдобриот совет на светот, но не сте доволно зрели за да слушате што ви велат. Бев премногу млада. Од безгрижно дете станав возрасна личност прекуноќ. Не знаев кој ме сака заради мене, а кој заради пари, само сакав да му се вратам на нормалниот живот. Сè уште се борам со проблеми со довербата.“
Кали денес има 38 години и пет деца од различни партнери. Нејзиниот 7-годишен син страда од церебрална парализа, но Кали сега нема доволно пари за да му помогне.
Таа се труди да живее далеку од очите на јавноста и неодамна изјавила:
„Не сфаќам кого го интересира мојот живот.“
ФОТО: Јутјуб