Почетна Убавина и здравјеГо игнорирала ОВОЈ симптом и добила страшна дијагноза на 35 години – Убавина и здравје

Го игнорирала ОВОЈ симптом и добила страшна дијагноза на 35 години – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Една мигрена ѝ го променила животот – никогаш не треба да ги игнорирате овие симптоми

Кон крајот на 2023 година, Бет Рајл почнала да чувствува чудни болки што не поминувале. Мигрена, болка во вилиците, увото, чувство на замор – но не обичен замор, туку длабока слабост што не можела да ја објасни.

„Не ми беше добро, но не бев болна во класична смисла. Само… не бев своја“, раскажала подоцна.

Мислела дека проблемот потекнува од вилицата, па отишла на стоматолог. Таму првпат некој забележал дека нејзиниот јазик сменил боја. Но ништо повеќе од тоа – без предупредување, без дијагноза. Ни општиот лекар не препознал дека зад симптомите се крие нешто сериозно.

Дури кога отишла кај специјалист за уво, нос и грло, ѝ направиле биопсија. Резултатот ја шокирал. Рак на јазикот и тоа во четврти стадиум со сквамозни клетки.

Сè започнало со мигрена, а завршило со дијагноза што го менува животот

Ракот на јазикот е ретка, но исклучително сериозна болест. Сочинува само околу 1 отсто од сите нови случаи на карцином, со 0,5 отсто смртни случаи, наведува Националниот институт за рак од САД. Ризиците се поголеми кај пушачи, луѓе кои консумираат алкохол, но и оние што се изложени на ХПВ инфекции.

Клиниката Мајо додава и други фактори: полот (мажите се позагрозени), староста, слабиот имунитет и лошата орална хигиена.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Бет немала ниту еден јасен симптом. А кога ја добила дијагнозата, следеле само лоши вести – зрачење, хемотерапија, исцрпувачки терапии… А потоа, неколку месеци подоцна, нови болки, овој пат во челото и вратот.


Поврзани објави

„Претпоставив дека тоа се последици од зрачењето. Ни на крај памет не ми беше дека канцерот се вратил.“

Септември 2024: најтешкиот месец во нејзиниот живот

Тогаш, лекарите ѝ соопштиле страшна вест: ракот бил отпорен на терапијата, и уште полошо, ѝ бил откриен нов тумор.

Морала да прави операција. Ѝ отстраниле дел од јазикот и ѝ кажале дека има 50-50 шанси дека нема да може да зборува. Но Бет не се предавала.

Потешко зборува, но и понатаму гласно – и тоа на ТикТок

Денес, и покрај сè, Бет може да зборува – не совршено, но доволно за да ја сподели својата приказна со светот. На својот ТикТок профил објавува видеа во кои прикажува модни комбинации, но и како напредува со говорот.

„Сакав да го документирам мојот пат кон закрепнувањето. И ако моето искуство му помогне барем на еден човек – тоа е доволно. Во моментите кога првпат ја слушнав дијагнозата, сè што сакав беше да најдам некој кој минува низ истото.“

ФОТО: Инстаграм