Почетна ЕкономијаПаметните камери на булеварите во Атина регистрирале над 2.000 сообраќајни прекршоци

Паметните камери на булеварите во Атина регистрирале над 2.000 сообраќајни прекршоци

од nenad
1 минути читај за

За само четири дена, пилот-проектот со инсталирани осум напредни камери на осум главни артерии во регионот Атика, поширокото подрачје на Атина, забележале над 2.000 сообраќајни прекршувања, информираше дописникот на МИА од грчката престолнина.

Според информациите од грчкото Министерство за дигитална трансформација, кои ги пренесуваат тамошните медиуми, повеќе од 1.000 прекршоци се однесуваат на користење мобилен телефон и неносење сигурносен појас. Околу 800 прекршоци се поврзани со пречекорување на брзината од над 90 километри на час, додека 480 се регистрирани за проаѓање на црвено светло.

Претходната недела, во осум зони со висок ризик во Атика, врз основа на предлог на грчката полиција, беа поставени првите камери со вештачка интелигенција. Очекувано е мрежата да се прошири до 2.500 интелигентни камери, од кои 500 ќе бидат монтирани на возила на јавниот превоз.

Камерите ќе бидат способни да детектираат сообраќајни прекршоци како што се поминување на црвено светло, пребрзо возење, некористење сигурносен појас, употреба на мобилен телефон при управување со возило, како и возење во лентите за итни случаи.