Почетна Убавина и здравје„Ова не се прави планирано“ – Убавина и здравје

„Ова не се прави планирано“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Двете големи музички ѕвезди на регионалната сцена, Саша Матиќ и Жељко Јоксимовиќ, вечерва премиерно ја претставја емотивната балада „Ништавило“, дует кој веќе при првото слушање ја освои публиката.

Песната „Ништавило“ е резултат на долгогодишното пријателство и заемното почитување меѓу двајцата врвни вокали, кои покрај музиката ги поврзуваат и истите животни уживања – дружење, кафеана и песна.

Од токму таа искрена блискост произлезе соработката која, според првите реакции, донесе една од најубавите балади во последните години.

Поврзани објави

Авторскиот тим го потпишува докажана екипа – музиката е на Славко Стефановиќ Славкони, текстот го напишал Владимир Митровиќ, додека аранжманот го носи потписот на Жељко Јоксимовиќ, што на песната ѝ дава дополнителна емотивна длабочина и препознатлив печат.

Токму затоа Саша Матиќ истакнува дека „Ништавило“ е песна која доаѓа од срце:

„Жељко и јас се знаеме долго време, делиме ист поглед на музиката и животот. ’Ништавило‘ не е песна која се прави планирано – таа се случува. Пеевме онака како што ја чувствуваме, без калкулации, и верувам дека луѓето ќе се пронајдат во неа уште при првото слушање“, изјави Матиќ за српските медиуми.