На денешниот маратон, околу 120 средношколци-волонтери, со поддршка од Пакомак, беа распоредени долж трасата и ја собираа отпадната пластична амбалажа. Опремени со препознатливи жолти кеси, тие ги собираат пластичните шишиња што учесниците ги оставаат по патеката, придонесувајќи спортскиот настан да помине во почиста и поодговорна средина.
Како дополнителен поттик за нивниот ангажман, Пакомак на волонтерите им овозможи собраните шишиња да ги внесат во ПВМ во понеделник и вторник, при што за секое парче да добијат по осум поени, односно вредност од четири денари.
Според информациите од организаторот, за време на маратонот беа поделени околу 30.000 шишиња вода и други пијалаци, што ја прави навремената селекција и правилното постапување со отпадот особено значајни.