Почетна БалканОФИЦИЈАЛНО: Маркус Турам е нов фудбалер на Интер

ОФИЦИЈАЛНО: Маркус Турам е нов фудбалер на Интер

од nenad
1 минути читај за
t

Европскиот вицепрвак Интер се пофали со големото засилување за нападот за следната сезона.

Од денес и официјално, нов член на „нераѕурите“ е Маркус Турам. Французинот доаѓа во Милано како слободен агент, откако му истече договорот со Борусија Менхенгладбах. Турам парафира соработка со Интер до јуни 2028 година, ќе заработува некаде околу шест ипол милиони евра и одредени бонуси.

Интер до аквизицијата на Турам дојде во последен момент. Фудбалерот беше договорен за преод во Милан, меѓутоа Интер влета со повисока сума на плата и го „украде“ планираното засилување на градскиот ривал. Низ кариерата Турам настапуваше и за Гинамп и Сошо.

Извор: gol.mk