Почетна ЕкономијаМитевски: Петровец меѓу водечките општини по инвестиции

Митевски: Петровец меѓу водечките општини по инвестиции

од nenad
1 минути читај за

Градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, денес учествуваше на панел дискусија на настанот Саем-Отчет под слоганот „4 години работа за тебе“.

Во текот на своето излагање, Митевски ги презентираше остварувањата во изминатите години и инвестициите реализирани во општината.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесува МИА, се потенцира дека Митевски ги истакнал трите индустриски зони, изградбата на нови училишта, детски градинки, фудбалски стадиони, забавни паркови, како и велосипедска патека. Цитирано е дека градоначалникот навел што е реализирано во изминатите години, кои се инвестициите кои се направени за општината, истакнувајќи ги трите индустриски зони, изградбата на нови училишта, детски градинки, фудбалски стадиони, забавни паркови како и велосипедска патека.

Извор: МИА