По две децении, Ана Николиќ ја откри вистината за песната „Ромале, ромали“
Ана Николиќ, популарната српска пејачка, по две децении откри дека песната „Ромале, ромали“, која ја претставила на „Беовизија“ 2006 година, не ја платила 30.000 евра како што се шпекулирало. Таа категорично ги демантираше овие гласини, нагласувајќи дека никогаш не разговарала за финансиските детали.
Тоа е глупост, веднаш да те прекинам. Денови се зборува дека песната била платена 30.000 евра, тоа е будалаштина, не е точно и веднаш го демантирам тоа“, изјави Ана Николиќ за „Хајп ТВ“.
Поврзани објави
Иако се верувало дека песната „Ромале, ромали“ е најскапата на естрадата, Ана Николиќ ја демантираше оваа информација, нагласувајќи дека не сака да се занимава со финансиски детали и дека тоа не е нејзина работа.
Песната „Ромале, ромали“ стана еден од најголемите хитови на српската естрада и ја дефинираше кариерата на Ана Николиќ.
printskrin Youtube-amidzi show ana nikolic