Џенифер Лопез доживеала мал проблем со здолништето за време на својот настап во Варшава
Џенифер Лопез повторно кренала прашина со својот концерт, а овој пат проблеми ѝ правело здолништето. За време на настапот во Варшава, славната пејачка доживеала незгода на сцена, но сето тоа го претворила во вистинско шоу.
Тргнала да се преслече, но публиката ја вратила за да ѝ отпее роденденска песна. Лопез се појавила на сцената во златен топ, а еден од танчарите ѝ помогнал да ја прицврсти сукњата со реси.
Иако се чинело дека успеале во тоа, во еден момент, здолништето едноставно паднало. Прво изгледала шокирано, но пејачката брзо продолжила да се шета на сцената во златната комбинација.
Потоа, танчарот уште еднаш се обидел да ѝ го прицврсти здолништето, но не успеал, па Џенифер одлучила да го фрли во публика.
„Драго ми е што ми го зацврстиле костимот. Среќа што носев долна облека. Обично не носам!“, се пошегувала таа.
Jennifer Lopez suffers wardrobe malfunction on stage as she celebrates turning 56. pic.twitter.com/yOg6f28GG2
— Oli London (@OliLondonTV) July 26, 2025
Шокирала со експлицитниот настап
Поврзани објави
Лопез неодамна ја шокирала публиката со провокативниот настап на Cook Music Fest на Тенерифе. Во саботата се појавила на бина во смело трико со прорези, кое особено ја истакнувало нејзината бујна задница.
Но ретко кој продолжил да му обрнува внимание на нејзиниот костим, кога Џенифер почнала да симулира интимни пози со своите танчари. Во еден момент, пеела на сите четири пред еден од танчарите, а потоа друг ја кренал на своите раменици. Лопез се свртела со меѓуножјето пред неговото лице, а тој ја спуштил долу.
55 year old Jennifer Lopez puts on shocking raunchy performance while crawling on all fours with male dancers. pic.twitter.com/ZMXx7oaXud
— Oli London (@OliLondonTV) July 20, 2025
Пејачката ја шокирала публиката и кога „јавнала“ еден од танчарите, додека рацете ги ставила помеѓу нозете на други двајца.
Видеото од настапот брзо се проширило на социјалните мрежи, а Џенифер добила бројни негативни коментари.
„Ова е претерано“, „Одвратно“, „Непотребно и незабавно“, се само некои од нив.
ФОТО: Инстаграм, Х