Парламентот денес, со 71 глас “за” и без ниту еден “против” и “воздржан”, ја одобри интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, која беше предложена од страна на Левица.
Законодавниот дом, исто така, донесе и заклучок со кој констатира дека “наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се основани”.
Овој заклучок ќе биде доставен до Владата и до државниот јавен обвинител.
Во интерпелацијата на Левица, која беше доставена до претседателот на Собранието, Гаши, е наведено дека истата се поднесува заради непочитување на уставните и законските обврски.
“Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, факти и правно-релативни наводи: селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје”, се вели во интерпелацијата која е објавена на веб-страницата на Собранието.
Тие дополнуваат дека од почетокот на мандатот на јавниот обвинител Коцевски “во Јавното обвинителство владеела нефункционална и токсична атмосфера, неажурност во постапките, а забележани биле и надворешни политички влијанија врз неговата работа”, за што сметаат дека е одговорен Коцевски.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во петокот достави писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев, од 26 јуни.
Во својот одговор, тој наведува дека функцијата ја извршува совесно и одговорно, со најголемо почитување на принципите на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата е предмет на неосновани напади, што е причина за ниската доверба во јавноста.
Во писмениот допис, тој посочува дека иако поднесената интерпелација е недозволена согласно закон, фактот што предлагачите без никаков аргумент бараат негова одговорност, покажува дека оваа интерпелација е политички, а не правно заснован инструмент со кој се овозможува упад во самостојноста на Обвинителството.
Собранието ќе ја продолжи седницата по побараната пауза од пратеничката група на Левица.