Почетна Убавина и здравје„Остави ја мојата земја на мира!“ – Убавина и здравје

„Остави ја мојата земја на мира!“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Светската поп-кралица, со акцент на светска – Мадона преку својот инстаграм-профил ги поддржа демонстрантите во Србија.

Со видео од неверојатниот број собрани граѓани во Нови Сад и Белград, снимено со дрон, таа објави порака со наслов „Моќта на единството“.

„Она што медиумите не го прикажуваат е дека сме сведоци на еден од најголемите студентски движења во регионот од 1968 година“, напиша Мадона.

А потоа се јави Јелена Карлеуша – пејачка позната само во својот регион, која во последните месеци во своите јавни обраќања ги напаѓа студентите кои протестираат и им порача да си одат дома. Тоа е најблагата верзија на нејзините пораки.


Поврзани објави

На својот инстаграм профил, Карлеуша објави:

„Остави ја мојата земја на мира, Мадона! Ти живееш во земја каде што студентите секојдневно се уништуваат поради студентските кредити. Банкарите им ги земаат семејните домови и им ги уништуваат животите. Твојата земја бомбардира и уништува демократски држави низ светот. Каде е твојата загриженост за геноцидот во Палестина? Нека тоа биде твоја грижа. Студентите во Србија имаат бесплатно образование и бесплатна здравствена заштита. Ја сакам твојата музика, ти си легенда, но ОД*БИ!“

Секако, нејзиниот инстаграм-профил има далеку помала публика од оној на Мадона, а останува да видиме дали поп-кралицата воопшто ќе го забележи овој одговор…

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/madonna/?hl=en