Почетна ПопуларноОсмани-Ескобар: САД имаат клучна улога во сите поважни внатрешни и надворешно-политички моменти од поновата историја на Македонија

Османи-Ескобар: САД имаат клучна улога во сите поважни внатрешни и надворешно-политички моменти од поновата историја на Македонија

од nenad
1 минути читај за
t

И шефот на македонската дипломатија Бујар Османи имаше средба со високиот гостин од САД, Габриел Ескобар.

Според соопштението од МНР, соговорниците размениле мислења за актуелните политички случувања, со акцент на европското досие на Република Македонија, како и потребата од продолжување на процесот на преговори со ЕУ преку спроведување на уставните измени.

„САД имаат клучна улога во сите поважни внатрешни и надворешно-политички моменти од поновата историја на Македонија, давајќи цврста поддршка за нашето успешно етаблирање како независна држава, длабоко интегрирана во трансатлантското семејство на модерни и функционални демократии“ – истакнал Османи додавајќи дека блокадата на евроинтегративниот процес нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ.

Министерот искажал благодарност и за долгорочната поддршка од САД за севкупните реформски процеси, нагласувајќи дека Владата и останатите институции продолжуваат да работат со силна посветеност на спроведувањето на реформите во областа на доброто владеење, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

.