Ве покануваме на највлијателната женска конференција кај нас!
Ситно броиме до осмата регионална конференција Профемина 2024, која годинава се одржува под слоганот: Креаторка на својот живот.
Затоа, драги наши читатели, ве покануваме да се дружиме во добра атмосфера со уредниците на списанието „Убавина и здравје“, како и со многу учесници од областа на медицината, дерматологијата, образованието, партнерските односи и бизнисот.
За време на конференцијата, ќе имате можност да пробате нови производи, препарати за нега на лице и тело, како и шминка, а за време на паузите ве чека освежување. Секако, ние како добри домаќини ќе ве испратиме дома со подароците што ви ги подготвивме.
Теми на кои ќе се дискутира: живот, мотивација, здравје, изглед, психа, работа, општествена одговорност…
Панелисти на конференцијата: личности кои не се пример само за луѓето од својата околина туку и за сите нас кои можат да нè инспирираат. Некои го прават тоа со својата несебичност, некои со упорноста, ентузијазмот, оригиналноста, чувството за бизнис…Токму такви луѓе доаѓаат на ПРОФЕМИНА.
Програма: 7 панел-дискусии, 4 студии на случај во вид на презентации и фантастична зона на искуства, во која ќе можете да ги искусите новитетите во козметологијата и индустријата за убавина.
Причини да бидете со нас на 22 ноември, петок, во „Холидеј ин“: ги има многу, но сега ќе ви наброиме неколку – важните теми, прашања на кои ќе добиеме релевантни одговори, средби со луѓе од кои многу може да научите, презентации кои ќе ве предизвикаат да направите нешто позитивно, да промените нешто во својот живот…
Поврзани објави
И нормално ПОДАРОЦИТЕ за сите присутни, гости на конференцијата, конференциски материјали, освежување и уште многу други изненадувања… А да не ја заборавиме и богатата лотарија!
Пријавете се на [email protected] или во порака на Инстаграм @ubavinaizdravje.mk (име и презиме ваше и на вашата придружничка) со хаштаг #profemina2024 .
Потребно е само да го пријавите своето присуство поради ограничениот број на местата во салата.
И додека трае одбројувањето до ПРОФЕМИНА 2024, ве потсетуваме како си поминавме на минатогодишната конференција.
Дојдете да размениме добра енергија, знаење, вештини и идеи за некои следни настани!
Текст: Убавина и здравје