Почетна МакедонијаОпштина Кавадарци заедно со општина Ковин, Република Србија реализираа уште еден заеднички проект

Општина Кавадарци заедно со општина Ковин, Република Србија реализираа уште еден заеднички проект

од nenad
1 минути читај за

Општина Кавадарци заедно со општина Ковин, Република Србија реализираа уште еден заеднички проект. Беше отворена изложба на ликовни творби, графики создадени од врвни уметници од целиот свет. Традиционално, во склоп на изложбата се одржа уште едно издание на музичкиот фестивал СРМА, фестивал на изворна, народна, традиционална музика, реализиран од страна на Центарот за Култура при општина Ковин и ООМБУ ,,Лазо Мицев Рале’’ од Општина Кавадарци. Исто така се реализира и работна средба со општина Ковин, на која се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу нашите две општини во областа на културата, како и за развој и промоција на винскиот туризам.