И по 38 години заеднички живот, популарниот пар признава дека во нивната врска никогаш не било сè совршено.
Бракот на познатите фолк пејачи Биљана Јевтиќ и Аца Илиќ отсекогаш бил под будното око на јавноста. Тие започнале врска уште на заедничките турнеи во средината на осумдесеттите години, а во 1989 година го крунисале со брак.
Јао, беше опасно љубоморен. Не го покажуваше отворено, но тоа беше сосема очекувано. Сепак, како минуваше времето, сè дојде на свое место,“ искрено откри Биљана.
Биљана додаде дека во нивниот дом не недостигаат расправии, но тие никогаш не преминуваат во жестоки кавги.
Ние и кога се расправаме, тоа е благо, со насмевка. Секој ги изнесува своите ставови, но тоа е дел од нормалниот живот. Во бракот најважно е да се прифати другиот таков каков што е, без постојани обиди да се менува,“ вели пејачката.
Поврзани објави
И по 38 години заеднички живот, Биљана со насмевка открива дека најмногу ја нервира кога Аца прошета низ кујната и јаде во движење.
Му велам: ‘Седи, човече, јади, немој да ми рониш!’ Но на крај се смешкам и чистам, зошто да се нервирам,“ додава таа.
Сепак, заклучува дека љубовта е единствениот рецепт кој може да ги победи сите предизвици во долга заедница.
printskrin Youtube – Bilja Jevtić i Aca