Почетна Убавина и здравјеОмлет со риба и со брокула – Убавина и здравје

Омлет со риба и со брокула – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Постои заблуда дека ако се јаде големо количество јајца, може да се појават висок холестерол во крвта и проблеми со срцето, но не е баш така. Лецитинот, кој го содржат јајцата, спречува таложење на холестерол на ѕидовите на крвните садови. А научниците докажаа дека јајцата, благодарение на високата содржина холин – помагаат за превенција од карцином.

Имено, во две јајца има 570 мг холин, што е дневна норма. Холинот се наоѓа во жолчката и не се уништува при термичка обработка. Исто така, утврдено е дека љубителите на јајца имаат одлична меморија, која ја чуваат до длабока старост.

Земајќи го предвид сето ова, ви предлагаме да приготвите вкусен омлет со риба и со брокула.


Поврзани објави

Потребно: 200 г филети од чадена риба, 100 г брокули, 6 јајца, чаша млеко, 3 лажици путер, 4 лажици исечкан магдонос, половина лажиче сув темјан, црн пипер и сол по вкус.

Филетите од риба се исечкајте ги на парчиња. Брокулите сварете ги во посолена вода, исцедете ги и одвојте ги цветовите. Јајцата цврсто изматете ги, постепено додавајте го млекото, ставете ги темјанот и магдоносот, посолете и запиперете. Парчињата риба и брокулите ставете ги во подмачкано тавче и прелејте го со јајцата. Печете 10 минути.

Текст: Добра храна