Почетна Убавина и здравјеГо проба и инфлуенсерката Марис Џолин и еве што мисли за него! – Убавина и здравје

Го проба и инфлуенсерката Марис Џолин и еве што мисли за него! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Сладолед и колачиња – двете омилени слатки во еден десерт

На социјалните мрежи постојано се појавуваат различни вирални десерти кои се карактеризираат со малку состојки и едноставна подготовка.

Па така, по сладоледот во кроасан, сега популарен стана десертот составен од само две состојки: колачиња и сладолед.

Идејата е толку едноставна, а толку вкусна. Ставете две топки од омилениот сладолед, загрејте го вашето омилено колаче во микробранова печка и додајте го во сладоледот. Толку! Комбинацијата на ладно и топло е неодолива, а со тоа се согласува и инфлуенсерката Марис Џолин.

Во своето ново видео таа го откри својот нов омилен „фика“ ритуал.

„Не знам за вас, но кога времето ќе залади, сè што сакам е да облечам нешто удобно, да запалам убава свеќа, да си ја пуштам омилената серија и да се почестам со нешто слатко!“


Поврзани објави

Марис признава дека нејзината нова опсесија е токму овој вирален десерт: колаче и сладолед.

„Топло колаче врз ладен кремлив сладолед – мислам дека го најдов мојот нов омилен ритуал оваа есен. Толкууу е добар!“, додава Марис.

Пробајте го овој нов десерт и пишете ни како ви се допаѓа!

ФОТО: ИНСТАГРАМ