Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација.
„Кога зборовите стануваат дела – заедно со општина Битола успеавме да го изградиме стадионот во вистинска гордост на градот и дом на македонската репрезентација. Горд сум на сите што беа дел од овој процес,“ напиша Омерагиќ.
Новиот стадион ќе биде централно место за големи фудбалски натпревари и симбол на спортскиот развој на Битола.
Видеото може да го погледнете тука
Post Views: 43
Извор : vesnik-ilinden.com
Омерагиќ: Стадионот „Петар Милошевски“ е гордост на Битола и дом на репрезентацијата (ВИДЕО)