Почетна ТехнологијаОд 199-та владина седница: Ова се сите донесени одлуки

Од 199-та владина седница: Ова се сите донесени одлуки

од nenad
2 минути читај за

Од 199-та владина седница: Утврден е Предлог Буџетот за 2024 година за реализација на потребите на граѓаните и раст на економијата; Замрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат и во декември; Одобрен е Урбанистички проект за изградба на автопатот Прилеп – Битола, во рамките на Коридорот 10д; Владата даде поддршка да продолжи реализацијата на воведувањето „Брз автобуски превоз во град Скопје“; Утврден е текст на нов Предлог закон за вино: лозарите добиваат гарантирана цена на винското грозје и можност за зголемен извоз на македонското вино на пазарот на ЕУ; Одлука за основање национална установа „Спомен куќа на Мустафа Кемал Ататурк“; Одлука за редуцирано работно време за време на Самитот на ОБСЕ во Скопје


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го утврди Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година.Предлог Буџетот за 2024 година е направен согласно потребите на граѓаните и на македонската економија.
Целта е поддршка на економскиот раст, фискална одржливост и редовна исплата на сите државни буџетски обврски – повисоки плати, пензии, социјални права, поддршка на земјоделците, на претпријатијата, фискална консолидација, справување со последиците од глобалната економска криза.

Се оцени дека Буџетот е добра основа за зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти, привлекување странски инвестиции, иновативност на домашните компании, поддршка на домашната економија, приватниот сектор и граѓаните, интензивирање на приближувањето на Република Северна Македонија кон ЕУ, непречено извршување на обврските коишто произлегуваат од членството во НАТО, непречено спроведување на претстојните изборни активности.
Утврдениот Предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година, ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.
Согласно денешната владина одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува до 31-ви декември 2023 година.

Владата ја разгледа и усвои Информација за одобрување Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат: Прилеп – Битола и донесе Одлука за одобрување на овој Урбанистички проект.
Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот Прилеп – Битола во должина од 29 км, а вкупната должина на Делницата на автопат: Прилеп – Битола е околу 40 км. Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти.