Почетна ТехнологијаСпасувачка акција на Водно: Жена изгубила свест, а екипи на Брза помош не можеле да се искачат

Спасувачка акција на Водно: Жена изгубила свест, а екипи на Брза помош не можеле да се искачат

од nenad
1 минути читај за

Итната медицинска помош со возилото не можеле да се искачат до врвот, поради мраз и снег на некои осојни места. Докторот од ИМП побарал помош од дежурните во Секторот за операции и координација на ЦУК, по што веднаш биле известени лицата од Спасителната станица на Црвениот Крст на Водно.

   

Истите тргнале со возило, но и тие не можеле да го поминат критичното место, осој, каде што имало мраз на стрмниот пат, поради што едно лице од Спасителната станица тргнало да оди пешки кон врвот и ја лоцирал жената. Во меѓувреме биле известени и пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје, кои итно и додека траеле претходните дејства, дошле со теренско возило. Пожарникарите, заедно со докторот успеале да пристигнат до местото каде што била жената. Таа била прво освестена и иако веќе била свесна, истите ја згрижиле согласно медицинските и спасителни можни мерки во случајот и со жичница ја евакуирале, спуштиле, до Средно Водно, од каде со возилото на Итна медицинска помош е префрлена во Градската општа болница „8ми Септември“.

Во поглед на спсување граѓани од животозагрозувачки итни ситуации, Регионалниот ЦУК Битола известил дека пожарникарите од Прилеп од 21:15 до 00:20 часот во саботата вечерта кон недела со три пожарникари и едно возило извршиле успешна спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени. Лицето било живо, но повредено и со возило на Брза помош било пренесено во болницата во Прилеп.