Почетна Убавина и здравјеОд 15. септември, ретроградниот Меркур удира најсилно – ако го направите ова, лошо ви се пишува – Убавина и здравје

Од 15. септември, ретроградниот Меркур удира најсилно – ако го направите ова, лошо ви се пишува – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Ретроградниот Меркур обично на сите знаци им ги замрсува конците, па затоа внимателно прочитајте ги следниве насоки кои ќе ви помогнат полесно да го поднесете неговото најсилно влијание од 15. септември

Ретроградниот Меркур од 15. септември влегува во својата најсилна фаза за да им донесе важни лекции на сите знаци. Луѓето кои немаат навика да се грижат за себе и за своето здравје ќе бидат на најголем удар, бидејќи секаде ќе бараат виновници за напливот на енергија, која нема да знаат како да ја искористат и канализираат.

Ќе имате чувство дека сè се руши, дека секој план ви пропаѓа. Ќе ви се чини како животот да не зависи од вас, туку од оваа планета. Но овој период ќе ве насочи да се свртите кон себе и да работите на своите грешки, преку сериозна анализа на вашите постапки, мисли и емоции. Прифатете ги вашите слабости и претворете ги во корисни предности. Меркур е одговорен и за нашиот говор и начин на размислување, па фокусирајте се на нив.

Што никако не смеете да правите?

1. Немојте да лажете, пред сè, немојте да се лажете себеси

Обидете се да бидете што поискрени кон себе и да живеете во склад со своите желби. Немојте да ги обвинувате другите ако нешто не ви оди од рака, туку вредно работете за да ги исполните вашите очекувања.

2. Не ги напаѓајте другите луѓе

Ако некој ви предизвикува негативност и гнев, важно е да разберете зошто тоа се случува. Зошто реагирате така? Што ве мачи и што се обидувате да сокриете истурајќи им се на најблиските? Доколку го игнорирате тоа, без да се преиспитате себеси, ќе станете уште понегативни и ќе почнете да го забележувате само лошото околу себе.

3. Не ширете гласини и не озборувајте

Свртете се кон себе и работете на своите мани, немојте да се плеткате во туѓите животи. Ако го барате незадоволството кај другите, тоа нема да ви ја поправи сликата за себе, напротив!


Поврзани објави

Што треба да практикувате за време на овој период?

1. Гледајте си ја својата работа

Посветете им се на вашите интереси. Одредете што ви дава сила и што ве полни со енергија.

2. Шегувајте се повеќе и дружете се со духовити луѓе

Ваквите луѓе ќе ви помогнат да се опуштите и да се вооружите со позитивна енергија, која ќе ви даде сила за понатамошните борби.

3. Читајте добри книги и гледајте поучни филмови

Во овој период подобро е да читате книги за развој, да гледате добри филмови со важни пораки кои поволно ќе влијаат врз вас.

4. Тренирајте ја меморијата

За почеток, воведете ред во главата. Ако со себе носите искуства од минатото врз кои никако не можете да влијаете, пренесете го тоа на хартија. Ослободете простор за мисла и инспирација. Потоа, додајте нешто корисно во своето помнење што ќе ве импресионира. Обидете се да се погледнете себеси објективно во овој момент. Сè што ќе се случи сега го изискува вашето зголемено внимание и директно учество.

Доаѓа ретрограден Меркур од 23 август до 15 септември и носи ХАОС, а овие три хороскопски знаци ќе имаат среќа